
Гласањето во дијаспората, во затворите, во старечките домови кај болните и изменоштените минува без проблеми
Гласањето во дијаспората, во затворите, во старечките домови кај болните и изменоштените минува без проблеми и неправилности потврдуваат од ДИК и од МВР. Сите гласачки места биле отворени на време. Први со гласањето завршиле македонските државјни во Мелбурн и Канбера, последни ќе бидат во САД и Канада. Додека се бројат гласовите од ДИК потвридја излезноста во Канбера на половина час пред крајот на гласањето била околу 38 проценти а во Мелбурн 58 проценти. Од останатите места најниска излезност до 13 часот имало во Стокхолм 12,7 проценти а највисока во Берлин околу 49 проценти.
Проблеми околу изборниот процес нема пријавено ниту во мвр но полицијата регистрирала неколку неправилности и прекршувања и еден инцидент со скршен штаб на политичка партија. Во Скопје имало графит на маесна заедница, во ресенско графит на основно училиштево Струшко Мислешево графит во близина на училиште, а на оградата од основното училиште во струшко Враништа утрово осамнала слика од еден од кандидатите.
На 20.04.2019 година во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.
Избирачкиот список е ажуриран и квалитетен уверуваат од ДИК. Тоа што спорните гласачи кои беа избришани од избирачкиот список во 2016 се повторно вратени од Комисијата велат е Избориачкиот список е жива материја и секојднено се менува според моменталната методологија
Претседатлеот на ДИК Оливер Деркоски во интервју за МИА вели дека бројката на запишани избирачи во избирачкиот список е реална и потенцира дека според податоци на МВР, има над 2,5 милиони државјани.
Елена Ивановска Мукоска