
Гласањето се одвива мирно и без проблеми
Уште најрано, на почетокот на гласањето за претседател почнаа да доаѓаат првите гласачи. Членовите на избирачкиот одбор распоредени на своите места ги дочекаа со материјалот кој го подготвија навреме во просториите кадешто се гласа. Точно во 7 часот започна целиот процес.
Од избирачкиот одбор на гласачкото место кое го посетивме на отварање утринава потврдија дека се е подготвено и воопшто немало никакви проблеми во подготовката на целиот процес.
Токму оние кои се одговорни се да помине во најдобар ред на гласачкото место се оптимисти дека тоа ќе биде случај.
Ова избирачко место во Драчево е едно од 3.500 на коишто ќе се бира претседател на шестите претседателски избори.
Петар Догов