
Гласачкото ливче со ист изглед како nа изборите во 2014
Гласачкото ливче на претседателските избори ќе има ист изглед како на изборите во 2014 година. На него нема да биде напишано името на државата туку ќе стои само знамето и редните броеви и имињата на кандидатите.
МВР го доставило до ДИК и до Државниот завод за статистика последниот извод од Избирачкиот список. Проблеми околу пречистувањето не се очекуваат затоа што подрачните одделенија постојано ги ажурирале податоците за оние кои стекнале полнолетство а починатите се отстранувале од списокот. Комисијата ги утврди и предлог образците за претседателските избори како и за избор на градоначалник во Охрид, Дебар и Ново Село.
Oд 8 февруари до 14 март дијаспората ќе има можност да се пријави за гласање во конзуларните претставништва.
Јулијана Пешевска