
Гласачи и во познатата урната жолта куќа во Скопје, ОБСЕ ќе го набљудува и списокот
Напуштената староградска жолта куќа во центарот на Скопје веќе ја нема. На нејзино место е градилиште, станбено деловен комплекс се гради на улицата Максим Горки бр 11. Но локацијата позната во 2013 тата по десетиците гласачи од пустен регистрирани во напуштениот објект и сега си има свои жители. Ако се провери на избирачкиот список на истата адреса може да се најдат имиња на дваесет гласачи. За дел има дури и број на стан дел немаат, Сите се регистрирани на избирачкото место лоцирано во поранешна ФФМ, 2854. А денеска само на 50 метри од спроти мисијата на ОБСЕ најави дека меѓу другото ќе го набљудува токму прочистувањето на избирачкиот список.
Вчера тимот тука ќе ги прегледува дали се прочистени избирачките списоци, но значи тоа ќе се случи и на претседателските избори. Ќе имаме стручњаци кои ќе ги проверуваат списоците и ќе видат како тоа е поставено во законите и како тие се спроведуваат на самите избори. Но бидејќи само што стигнавме не можеме да кажеме дали се разликуваат овие избори во споредба со претходните.
Аферата со гласачите од Пустец ја разбранува јавноста за локалните избори во 2013 тата. Особено со прегласувањето за градоначалник за општина Центар. Токму поради ова дел од раководството на поранешната владеачка ВМРО ДПМНЕ е на обвинителкна клупа во предметот на СЈО, Титаник. Проблемот со Прочистувањето на избирачкиот сдписок беше нотиран и во претходните извештаи на ОБСЕ а мисијата по изборите повторно ке излезе со свои извештај. Инаку за два дена истекува рокот за провекра на гласачите во избирачкиот список.
Билјана Николовска