Германските владеачки партии се согласија за датум од ЕУ за земјава

Германскиот парламент утре треба да даде зелено светло за датум за старт на преговори на ЕУ со Македонија и со Албанија. Владеачките коалициски партии, ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите, вчера постигнале согласност дека почеток на преговори на ЕУ со двете земји ќе биде позитивен сигнал за регионот.

Ова денеска го потврди германскиот амбадсадор во земјава, Томас Герберих, кој информираше дека вчера се одржал состанок на парламентарните групи во Бундестгот и сите освен една партија јасно рекле „да“ за старт на преговори на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија од страна на Европскиот освет, во октомври.

„Ние имаме чиста одлука од германската влада и јас сум оптимист дека одлуката ќе биде позитивна и во октомври. Сите ја чекаме одлуката на Европскиот совет и јас сум повеќе од оптимист дека ќе има чисто гласање за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија“, Томас Герберих, амбасадор на Германија.

Седницата на Бундестагот за формализирање на одлуката е закажана за утре на која ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на покана на претседателот на германскиот парламент, Волфганф Шојбле.

Османи во пресрет на утрешното гласање денеска се сретнл со пратеникот од редовите на германските социјалдемократи, Кристијан Петри, кој му пренел уверување дека неговата пратеничка група ќе гласа позитивно за Македонија.

„Пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ,“  истакна Бујар Османи по средбата со Петри.

Европската унија треба да донесе одлука за датум за преговори со земјавана средината од октомври.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ