Германските компании немаат добри оценки за власта и економијата, но пак би инвестирале

Нема добри оценки за Владата од германскиот бизнис. Ниту една од 200 компании со германски капитал кои работат во земјава работењето на актуелната Влада на економски план не го оценуваат како добро, за 46 отсто тоа е лошо, за 49 проценти е задоволително, а 5 отсто немаат мислење. Анкетата на германската комора покажала и дека лани, економската состојба во земјава била оценета како добра од само 5 отсто од германските фиорми, за 56 проценти таа е лоша и задоволителна за 39 отсто. За лошите оценки влијаел и фактот што властите повеќе се фокусираа на надворешната политика, а помалку на економијата. Им пречат недостигот од стручни работници и што не се инвестира во образованието, неефикасноста на јавната администрација, даночните оптоварувања и правната несигурност, но пред се корупцијата и криминалот, за кои дадоа сликовито објаснување.

Се разбира дека има и тендери каде што се поставува прашањето која е целта на самиот тендер. Каде што претпријатијата кои заедно конкурираат велат дека овој тендер нема никаква смисла. Ние во одредени конкретни случаи во соработка со Владата и министерставата сме ги прашале – што се прави овде. Тоа доведе до ситуација одредени тендери да се откажат, да се запрат, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Германските стопанственици бараат предвидливост на политиките и Владата да ги прашува за законите и реформите пред да ги донесе, тоа ќе создаде предвидливост која им е потребна. Критики за избрзаното воведување на прогресивниот данок.

Не бевме вклучени долгорочно во даночната реформа, туку краткорочно. Сметаме дека даночната реформа дојде премногу рано. Во словачка на приомер преминот од рамен кон прогресивен данок се случи кога економијата беше заситена од инвеститори. Мислиме дека овде има уште простор за нови инвестиции и прашање е како нови даночни реформи ќе се одразат, вели Мартенс.

Анкетата е направена во февруари годинава и се однесува и за оваа и за претходната година.

Очекувањата на германските бизнисмени се подобри за годинава, но само 22 отсто сметаат дека состојбите ќе се подобрат. И покрај лошите оценки, 76 отсто од компаниите се изјасниле дека повторно би инвестирале во земјава, пред се заради добрата работна сила и измените во Законот за поддршка на инвестициите. Мартенс најави неколку германски компании кои овде сакаат да инвестираат, иако одлуките не се случуваат преку ноќ. За земјава забелешки и за практиката рекла-кажала на социјалните мрежи, која неповолно влијае. Како таква лажна вест се оцени шпекулацијата за наводно заминување на Дрекселрмајер од земјава, што не е вистина, бидејќи за тоа нема никакви реални најави. Во 201 компанија со германски капитал во земјавба се вработени 20.000 луѓе.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ