
Герберих: ЕУ ја стави на тест целата политика на проширување
Македонија не е виновна за недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Виновна е ЕУ, со што ја стави на тест целата политика на проширување, изјави денеска германскиот амбасадор Томас Герберих.
Тој прашува дали е разумно сега да се распишуваат предвремени парламентарни избори, особено кога на власт е влада која е европски и реформски настроена.