
Геотермалните води на истокот остануваат неискористени
Топлите води на истокот остануваат неискористени. Со геотермалните води се загреваат неколку оранжерии, а во Кочани се користи и за затоплување на училишта и на неколку институции. Кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев вели дека овој регион со децении ја испушта шансата за искористување на ова богатство, за разлика од бугарско Банско каде што водата е со пониска температира и помал капацитет. Соседна Бугарија, којашто има стратегија за и носат 17 отосто од вкупниот приход од туризмот.
Во близина на градскиот базен во Кочани се предвидени неколку градежни парцели за спа центри за искористување на геотермалните води. На неколку километри од Кочани се наоѓа и селото Бања, каде што е објектот на поранешната бања повторно е вратени во владение на оппштина Чешиново-Облешево. Градоначалникот, Горанчо Крстев вели дека имаат техничка документација, а и заинтересирани инвеститори.
На истокот само Штип ја има Градската бања и Физикалната тепарија Кежовица, на којашто и треба голема реконструкција, поради лошата инфраструктура, во којашто дневно има 200 пациенти. Концесијата за топлите вода е дадена на приватен инвеститор, но се уште нема ништо од долго најавуваниот спа центар.
Викторија Јованова