
Георгиевски: Изборите се ризик кој може да го закопа Договорот
„Сакам да верувам дека е можен пресврт во Парламентот. Ако го слушам таборот на СДСМ делува дека се е готово. Ако го слушаме таборот на ВМРО-ДПМНЕ, ништо нема да се случи. Посакувам да се најде заеднички јазик“.
„Факт е дека има голема група на граѓани кои гласаа и дадоа поддршка за договорот. Се надевам дека Парламентот ќе успее, мислам дека е погрешно да се губи време со извори“.
„Изборите не верувам дека ќе донесат решение. На избори повторно ќе се сведе на тоа кое е ЗА, а кој Против договорот, исто како на референдумот. Мислам дека со избори само ќе го потврдиме ќорсокакот. Ризок се изборите зошто може да го закопаат договорот и меѓународната заедница да се откаже од нас. ВМРО-ДПМНЕ очекувам дека ќе продолжи да се однесува популистички. Може и да се случи претседателот пак да одбие да додели мандат. Затоа, мислам дека изборите се потешкиот пат“.
„И СДСМ треба да направи напори за директни разговори, да види што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го сака“.
„Мицкоски се има скарано со Груевски, не знам колку е тоа точно, но така се зборува. Ова раководство продолжува да ја следи погрешната политика на ВМРО-ДПМНЕ. Они мислат дека тоа е патриотска линија, за мене тоа е квазипатриотизам. Се однесуваат како проблемот за името да не е нивен проблем, како да го измислил СДСМ. Пристапуваат на проблемот само од лукративни причини, знаат дека луѓето емотивно го доживуваат прашањето, и јаваат на таа карта. Илузија е дека ние ќе можеме да продолжиме како Република Македонија, кој било во иднина би морал да го потпише истиот договор. Се гледа само партискиот интерес“.
„Апсолутно дека пратениците може да бидат заплашени, може да бидат под најразличен притисок, од граѓани, од држава, од власт, од партијата. Тоа постои. Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ имаше елегантно решение, да повикаат да излезат граѓаните на референдум и да ги повикаат да гласаат против. Сега имаа повторно елегантно решение, да им дадат слободен избор на пратениците да гласаат како што сакаат. Ослободувањето треба да дојде од партијата“.
„ВМРО-ДПМНЕ не разбира дека овој проблем е нивен. Еве, да падне оваа влада, доаѓаат они, и што ќе прават?! Што ќе и кажат на меѓународната заедница?!“
„Не е спорно дека ако требаше да се прави компромис со Грција, Северна Македонија да биде само за надворешна употреба. Јас кога преговарав, преговарав само за меѓународна употреба. Од многу патриотизам, ја направивме најголемата штета. Ние имаме многу патриоти и тука по пат ја испуштивме шансата, да биде само за надворешна употреба. Но, и тоа не го гледам како катастрофа, тоа е повеќе техничко прашање, не е суштинско“.
„Ние се грижиме за малцинствата уште од уставите во Југославија, од ние што декларативно се грижиме за нашите малцинства, каде ги згриживме?! Никаде. Само си правиме штета со другите држави со тоа тврдење“.
„Се најдовме во средина на најголемиот судир помеѓу Западот и Истокот после Студената војна. Во тој судир или ќе седиме на масата и ќе решаваме за прболеми, или ќе седиме во центарот на масата и ние ќе бидеме проблемот. Најлошо што може да ни се случи е изолација на Македонија“.