Генералниот директор на АД ИСС дел од платата ќе ја донира за борбата против КОВИД 19

Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје Кристијан Трајковски , одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19.  „ Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност , во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега’’, вели Трајковски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ