
Гејмерски компјутери, играчки но и пиано – дел од желбите на децата во новата година
Новата 2020-та година граѓаните ќе ја дочекаат со настап на Дино Мерлин на скопскиот плоштад а на полноќ ќе има и традиционален огномет.
На голема радост на децата таму пристигна и Дедо Мраз.
Екипата на Телма на плоштадот Македонија, регистираше дел од желбите на најмладите – тие посакуваат гејмерски компјутер и играчки, но и музички инструменти.
Еве што и кажаа тие на нашата Теодора Цветковска.