
Газдата на „Дурмо турс“ во својата фирма вршел и технички прегледи на автобусите
Дурмиш Белули, името кое одекна во јавноста откако автобус во негова сопственост заврши во провалија со 14 загинати и 30-тина повредени одамна е познат за Гостиварци, бизнис заедницата, и министерството за внатрешни работи. Во 92-рата година оснивал Друштво за транспорт, трговија и услуги како единствен сопственик, со 5000 евра влог или познатата „Дурмо Турс“. Неодамна влегува и во бизнисот со вршење технички прегледи на возила и обука на идни возачи, Авто мото здружение Гостивар. Денес двете компании се во ист објект, ист телефонски број, оној на Белули. Откако „црвениот“ автобус излета од патот, Белули денеска ќе каже дека неговиот бил исправен, бидејќи поминал на технички преглед во неговата компанија.
Лиценцата за вршење технички прегледи му ја издале на овластеното лице на фирмата Дурмиш Белули од МВР во 2016-та година, но никој не му предочил дека постои проблем да си ги проверува сопствените автобуси.Оваа комапнија во централниот регистар има недфинира сопственост. Таква обврска според законот за безбедност во сообраќајот нема.Државниот технички инспекторат се оградуваат од техничката безбедност на автобусот кој настрада. Тие се надлежни за лиценцата, возниот ред, но не и за исправноста на возилото.
Додека МВР истражува како сам си вршел технички прегледи, Белули сам ќе открие детали што се случило со автобусот и возачот во средата.
40 автобуси во различни бои, но и различна старост сообраќале низ републиакта. Уште толку возачи. По оној на 13 ти, и денеска ќе се случи мал инцидент со уште еден автобус, сведочат пријатели и роднини кои денеска ги псоетуваа најблиските од сообраќајката, а дошле од Гостивар со Дурмо Турс.
Трагедијата ги исфрли поразителните статистки на МВР. Секој 4 – ти автобус или комбе кое превезува патници во Скопје, е со пропсути во техничкиот преглед.
Според законот за возила, лиценцата за технички преглед, ја одобрува и потпишува министерот за внатрешни работи, а може да биде одземна, но не заради сопствеништвото.
Павле Беловски