Гаши ќе формира нова партија, „Беса“ останува на Касами

Членството на крилото во „Беса“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата. Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи, кои се откажуваат од спорот, ќе формираат нова партија.

Новата партија, која треба наскоро да се регистрира, ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „Беса“ останува на Билал Касами.

Одлуката е донесена на вчерашната средба на Централното собрание на крилото предводено од Гаши. Внатрепартискиот раскол во „Беса“ настана по локалните избори поради незадоволство од постигнатите резултати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ