ГАК ќе утврдува дали Јанкулоска може да го следи судењето за „Тенк“

Поради отсуство на ексминистерката Гордана Јанкулоска се одложи судењето против неа за случајот „Тенк“. Поради ризична беменост судијката Добрила Кацарска ја раздвои постапката против неа за  блиндирнаиот Мерцедес уште во април а за денеска беше закажан почеток на судењето. Одбраната на Јанкуловска нејзиното отсуство го оправдала со медицинска документација  но на предлог на СЈО, судијката побарала целокупната документација за здравствената состојба да биде доставена во судот до понеделник по што ке биде испратнеа на вештачење во Клиниката за Гинекологија со барање да одговорат кој месец е бремена и дали е во состојба да доаѓа и да го следи судењето, потврдија од Кривичен за Телма.

Поради здравствената состојба на Јанкулоска вчера беше одложено и судењето за „Титаник“ за изборните нерегуларност каде има 21 обвинет на чело со поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

За случајот „Тенк“ првостепени пресуда веќе добија Груевски од 2 години затвор и екс началникот Ѓоко Поповски од 6 ипол години затвор.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ