
ГАК: И да не го знаела резултатот, родилката требало да каже дека свекорот се тестирал и е сомнителен на Ковид 19
И да не го знаела резултатот , требало да каже дека свекорот се тестирал- Директорката на ГАК Викторија Јовановска за Телма тврди дека верзијата што ја пласира семејството на родилката не кореспондира со фактите и е со со цел да се одбранат, иако згрешиле и поради тоа треба да се извинат. Докторот кој ја породувал во приватната болница за Телма објансува дека не знаел дека е сомнитена на Ковид 19. Тој е во самоизолација, се чувствува добро и се уште не се тестирал. МВР го истражува случајот
Мвр започна да собира докази за слчајот со скопска гинекологија. Ќе истражуваат два аспекти, кој го украл документот од гинекологија во кој родилката негирала дека имала контакт со позитивен на ковид 19, но истрагата е насочена и кон родилката односно за тоа дали дала лажни податоци, потврди за Телма дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска. Пред поднесат кривична пријава до обвинителство ќе се сослушаат повеке сведоци меѓу кои и доктори и медицински персонал.
Изјавата на семејството на родилката во голема мера не се совпаѓа со тоа што таа го кажала кога била примена кај нас, вели директорката на скопска гинекологија Викторија Јовановска. И да не го знаела резултатот од тестирањето, требала да каже дека свекорот е сомнителен на корона но и дека таа имала имала симптоми една недела и примала терапија. вели Јовановска.
Не точно ниту тврдењето дека не дошла за породување, пацинетката дошла во термин за пораѓање а крварење е знак за тоа, објаснува Јовановска. Не била пуштена, туку си заминала на нејзино барање со потпишана изјава а докторите ја предупредиле да се врати кога ќе и се зголемат болките вели Јовановска, која порачува после овој случај крајно време е да се смени свеста за да не се загрозува здрвајето на пацинетите и медицинскиот персонал.
-Перосналот е преморен и револтиран, работат три месеци во вонредни сулови со опрема според протоколи. Медициинскиот персонал, не само докторите, не се роботи и тие се луѓе со свои проблеми заболувања и семејни обврски, изјави директорката на ГАК
Докторот од приватната болница која ја пораѓал скопјанката е во самоизолација. Во разговор за Телма вели дека за сега се чувствува добро и се уште е рано да се тестира на Ковид 19. Објаснува дека кога дошла кај нив пацинетката не кажала дека во фамилијата има сомнителен на вирусот . Дури подоцна пристигнале резултатите дека и таа е позитивна
- Ние лекуваме пацинети со секакви болести и тоа е дел од ризикот на нашата професија.Ние сме доктори и треба да помогнеме секогаш кога треба, но во конкретната ситуацијата не знаевме со што се соочуваме. Човечки е да се каже, поради почит кон докторите и другите пациенти. Во секој случај квалитетот на здравствена услуга и нега ќе биде на исто ниво. Среќна околност е тоа што сега за сега, сите сме добри. Кај нас пацинетката дојде во активна фаза на породување, процесот бил започат и немавме избор. Кај нас во болница се почитувани сите препораките и протоколите за ризични пацинети. Целата екипа беше заштитена со опрема, рече докторот во телефонски разговор за Телма
Семејстото на родилката деновиве уверувше дека тие ништо не криеле туку дека разбрале дека свекорот е позитивен еден ден откако таа била примена на ГАК, известиле доктороката што ја следела бремноста по што била пуштена дома, поради подобрување на нејзината состојба и неповолни услови за подолг престој.
Елена Ивановска Мукоска