
Гајсер: Заев е проблемот а не решението
Наместо со ново јутјуб видео соработникот на италијанскиотт весник „Ла Верита“, Ларис Гајсер, денеска соопшти нови детали за аферата „Рекет“, на гостување во Радио станицата Каподистрија.
„Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има премиер кој прави штета на земјата. Тој треба да се смени што е можно побрзо. Имам слушнато сценарио во кое се вели дека јас сум продолжена рака на Орбан и Салвини и дека бараме начини за контрола во Македонија. Тоа е чиста измислица“, вели Гајсер во интервјуто на радио.
Соред него политичката кариера на премиерот Заев е готова затоа што нема меѓународен кредибилитет и како резултат на тоа земјата ќе добие нов премиер.
Гајсер додава дека очекувал луѓето од објавените снимки да ја демантираат нивната автентичност но се изненадил кога го нравија токму спротивното.
Гајсер преку „Ла Верита“ објави три епизоди на снимени разговори во кои се слушаат гласовите на бизнисменот Орце Камчев, Бојан Јовановски – Боки 13 и на специјалната обвинителка Катица Јанева.