
Гафовите низ изборната кампања
Гафови, лапсузи и хумор ја одбележуваат првата недела од изборната кампања на претседателските кандидати. Имуни не се ниту партиските лидери. На митинзите и трибините си ја отворија душата. Емоции, овации, солзи. Не останаа воздржани ниту граѓаните. Премиерот Заев на невообичаен начин им се претстави на велешани.
Еуфоријата го понесе, па Мицкоски во Охрид отиде понапред со времето.
Некој знае дека сидрото оди напред, а Турците се бореле против Османлиите.
Канидатите за претседател на терен се соочија со проблеми со географија и математика. Гордана Силјановска најпрво ги побрка Кавадарци и Неготино, а потоа Кочани со Кичево.
Пендаровски ќе му биде внатрешен камшикар на Заев според математичките проценки.
Силјановска вежбаше јога во Охрид, со чаша црвено вино во кафуле го чекаше Пендаровски подготвена за дуел. Тој пак во интервју се пофали дека нагло станал поубав откако почнал да излегува на телевизија, во животот добивал купишта љубовни писма, но неговата сопруга знаела дека тој не игра дупло. Пред неколку дена го прослави 56 роденден, а на изборната конвенција музичарите му пееа песна.
И Силјановска и Пендровски велат дека е добро што кампањата е позитивна, а не валкана и дека во неа има хумор.
Претседателските кандидати се надеваат дека и во периодот кој следи ќе водат како до сега позитивна изборна кампања.
Јулијана Лефковска Пешевска