ФЗО подготвува прекројување, наместо укинување на квотите

Наместо укинување, ФЗО подготвува прекројување на квотите за аптеките. Неофицијално, планира да скуси од парите за големите ланци аптеки, а да ги зголеми финасиите на помалите. Од Фондот потврдуваат дека меѓусекторкса група работи на утврдување на најдобар модел за распределба на квоти, но детали не откриваат. Се знае само дека на ова работат деветмина правници, економисти и фармацевти.

Бидејќи станува збор за прашање кое е од исклучителна важност, а истовремено има и финансиски импликации, се бара најдоброто решение кое долгорочно ќе биде оддржливо и пред се` ќе ги штити интересите на осигурениците. Фондот за здравствено осигурување штом ќе донесе одлука за начинот на распределба на квоти, навремено ќе ја информира јавноста за истата, велат од ФЗОМ.

Но, со ова нема да се реши недостигот на лекови на рецепт, кои во моментот секнуваат на средина на месецот, коментираат фармацевтите. И за граѓаните прекројувањето на квотите не значи ништо, ако и тогаш после 10ти во месецот нема лекови на рецепт. Дел од нив, велат, не се сеќаават кога последен пат терапијата им била на сметка на државата. Велат, огромен дел од семејните буџети трошат на лекови.

Фондот изминатиот период постојано уверуваше дека лекови има, односно квотите не се искористуваат целосно. Но, тоа значи дека ако лекот не можете да го најдете во Центар или во Карпош, ќе го најдете во аптека во Бутел. Токму заради ова, пацинетите, особено хронично болните, за да не лутаат од аптека до аптека, месечната терапија ја купуваат приватно.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ