Функционерите од ДУИ не калкулирале политички со „Монструм“ туку смирувале тензии

Пред 7 години порнашениот минситер за правда Блерим Беџети и замникот премиер Муса Џафери планирале, договарале рочишта и екстрадиции со политичките партнери од ВМРО-ДПМНЕ говорат аудио бомбите на СЈО. Денеска како сведоци во судницата велат дека не се сеќаваат и дека за „Монструм“ дознале или од медиумите или можеби од Сашо Мијалков Муса Џафери од ДУИ.

  • Тогаш имаше многу нејаснотии во врска со тоа како се водат постапките, тоа цело време го зборувавме бидејќи бевме загрижени, и како политички субјект и како функционери. Ни беше важно како да се менаџира ситуацијата за да нема меѓуверски тензии. Мојата загриженост беше во поглед на тоа да се знае судбината на лицата што беа притворени во тоа време“, сведочеше Муса Џафери.

Местото на пултот втор го зазема поранешениот министер за правда Блерим Беџети. Ја ислуша снимката со него и кажа дека не калклулира политички со овој предмет туку смирувал тензии.

  • Ако се впуштите само на еден разговор, ќе добиеме различни впечатоци. Ако го имате целиот контекст, ќе добиете друга слика. Ние и ден денес бараме расчистување  на случајот. Не е само заради изборите. Но имаше еден медиумски притисок за кој сметав дека не е коректно.“, свеочеше Блерим Беџети.

Псоледен сведочеше полицаецот Зоран Трајковски. Лицето кое што месеци половина пред петкратните убиства кренал прашина со информација дека ќе се случи инцидент ов кој ќе биде напднатап олициска патрола или луѓе. ИЗворот му бил етнички албанец, а прболем да го извест и инајвискиот државен и полициски врв. По, убиствата завршил на испрашување во УБК, но не и как осведок во првиот судски процес.

  • Началници во МВР и СВР Скопје ме земаа со авотмобил марка Голф и ме онедсоа во петта управа. 12 часа ме распрашуваа што знам за „Монструм“, но и за ликвидацијата на Марјан Тушевски и Киро Јанев. Најмногу ги засегаше зошто информациите што ги знам прво ги пренесов во военото разузнавање. Пробав да ги известам и директорот на БЈБ Љупчо Тодоровски и директорот на УБК Сашо Мијалков.

Судчекиот совет на „Монструм“ откако врховнито суд го врати предметот со укажување да ги исцрпат сите докази и сведоци тргна по вистината  кај актерите од аудио бомбите како нови докази. Прв сведочеше Зоран Заев, а во судницата говроеа и Али ахмети, Бујар ОСмани, Сашо Мијалков, Полициските екс функционери Гордана Јанкуловска и Љупчо Тодровски радникот на БЈБ, а во март што знаат ќе кажат и пониските ешалони на полицијата од тој период.

Павле Беловски

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ