Фрлање лопати, сечење ленти и конвои со административци таргет на Антикорупциска во предизборието

Фрлање лопати, сечење ленти, промовирање на проекти, користење на службени возила, учество на административци на партиски митинзи и конвои во текот на работното време, одржување партиски состаноци во простории на локалната или централната власт и финансиското работење. Ова се клучните точки на кои ќе внимава Антикорупциската комисија во предизборниот процес и кампањите како и на самите избори. За да може да има поефикасна контрола и пооголем проток на информации, Антикорупциската ќе се вмрежи со невладиниот сектор.

Од Антикорупциска повторно апелираа да запрат огласите за вработување во државните институции и јавни претпријатија, особено на неколку дена пред распуштање на Паралментот.

Ивановска смета дека прекршоци и злоупотреби во изборната кампања ќе има и нагласи дека власта се освојува но демократијата се учи.

Од Антикорупциска нагласија изборите нема да влијаат на тековното работење и дека ќе продолжат да работат со ист интензитет на добиените пријави и отворените предмети.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ