Фридом хаус: С.Македонија бележи значителен демократски напредок

Северна Македонија бележи значителен демократски напредок, особено во критериумите – изборен процес и независни медиуми, оценува Фридом хаус во најновиот извештај „Држави во транзиција“.

Сепак, и покрај прогресот, С. Македонија и натаму е рангирана во категоријата држави со транзициски хибридни режими, во кои се уште се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓански слободи.

Покрај земјава, напредок од државите во регионот бележи и Косово, а назадување има во Србија и во Црна Гора, кои веќе не се во категоријата делумно консолидирани демократии, туку во хибридни режими.

Во хибрини режими се и Албанија и Босна и Херцеговина, а единствено Хрватска го задржа статусот на делумно консолидирани демократии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ