Фридом Хаус посвети поглавје за Македонија во годишниот извештај за земјите во транзиција

Подобрување на демократските процеси и начинот на владеење бележи државата за првпат во последните осум години, се вели во извештајот.

Иако и натаму се наоѓа во категоријата на транзициска власт или хибриден режим заедно со Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, Македонија за прв пат од 2010 бележи напредок во однос на независност на медиумите и демократското владеење.

На скалата од 1 до 7, од највисоко до најниско ниво на демократија, Македонија има скор од 4,36.

„Иако земјата е мала, можностите се големи. Успехот во Македонија ќе значи прекршување на деценискиот континуитет на заробена држава, а со тоа и решавање по мирен пат на билатералните прашања кои го кочеа политичкиот и економскиот прогрес во регионот“, се вели во извештајот.

Во извештајот е нагласено дека смената на власта во Македонија донесе шанса да се смени долгогодишното заробување на државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата.

Според Фридом Хаус, првиот клуч за успехот на новата македонска Влада е решавање на спорот околу името со Грција, што ќе го отвори патот кон ЕУ и НАТО и ќе обезбеди меѓународна поддршка за државата.

Изминатава година дури 19 од 29 земји имале влошување демократските резултати, со што се бележи најголемо демократско назадување во 23 годишната историја на извештајот на Фридом Хаус.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ