
Фрчкоски: Власта изборите би ги добила глатко, а ВМРО-ДПМНЕ ќе паднат и под сегашната граница
„Овој резултат носи товар кон власта, а и даде крилја на опозицијата. Референдумот е консултативен и сега треба да се гледаат политичките импликации. ВМРО-ДПМНЕ или ќе се согласи на уставни измени или Мицкоски ќе оди на избори за што чуствува притисок и од бојкотирачите“, смета Фрчкоски.
„Резултатот не не изненади сите и не може тоа да се оцени како 1,2 милиони гласови против Договорот со нерационалните ставови на опозицијата која сака некој друг да и го реши проблемот“.
„Доколку се оди на избори да не се дозволи лоша еволуција и со јасни рокови за да се заврши процесот беспрекорно. ВМРО-ДПМНЕ ако процени дека нема да помине добро на избори и да добие половина помалку пратеници ќе сакаат да направат „смут“ во парламентот и одложување што не треба да се дозволи“.
„Гласовите на Албанците кои не излегоа на референдумот сигурно не одат на контото на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.
„Мислам дека изборите власта ќе ги добие глатко, а ВМРО-ДПМНЕ ќе паднат и под сегашната граница. Изборите се секогаш голема блокада на државата. Прашањето е многу јасно, прилично црно-бело, напред или во дупка и кога ќе изберете дупка делува шокантно“.
„Ние не сме носеле добри одлуки на референдум освен на првиот. Референдум за вакви прашање не се прават, граѓаните не сакаат вакви одговорности. Паднавме во стапицата на Груевски прашањето за договорот да се стави на референдум“.
„Може да се случи да и понудат на опозицијата да гласа за уставните измени, а добијат подолги рокови за подготовка на изборите. Исто така има и опција ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со бојкотот и да го повторат сценариото од 1994-та, тие водат инает, поделени се внатре и носат одлуки базирани на се или ништо“.
„Објаснувањето на договорот немаше да донесе ништо добро бидејќи тие различно го читаат и тука нема простор. Тој судир е ирационален бидејќи тие имаат поетски пристап, со договорот губиме се, ако не можеме да ги убедиме, тогаш мораме политички да ги поразиме. Ако победи нивната идеја, Брегзит за нас ќе биде шега, ќе останеме во дупка на Балканот“.
„Проблемот со списокот нема да биде голем кај изборите, таму апстиненцијата не влијае кај победникот. Ако може нека се прочисти. Странците ќе продолжат со голема поддршка за резултатот „ЗА“, апстиненцијата нема да ја коментираат“.