Француското “не” ќе ја продлабочи поделеноста во општеството

Политичките аналитичари ја толкуваат вчерашната изјава на Макрон како „не„, иако ситуацијата со стартот на преговорите за Македонија останува нејасна до крај.

Сепак, оставаат и мал простор за условена поддршка во последен момент, потсетувајќи на ситуацијата од 2005 година, кога одлуката за кандидатскиот статус се смени во наша корист во текот на ноќта, иако и тогаш Жак Ширак беше против.

Ако одлуката биде негативна,тоа велат, ќе се одрази негативно и на нашето општество.

Втората позитивна работа при негативен исход, според Георгиев,  би можела да се случи доколку партиите седнат на маса и здружено направат план за тоа, што понатаму.

Вонредни избори, вели, ништо нема да променат, кој и да победи на нив.

Само сплотеноста на политичките елити, заедно со граѓанскиот сектор, би можела да доведе до некаков ефект за понатамошната перспектива на државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ