
Француско интернационално училиште во Скопје прослави 20 години постоење
Од франкофонска градинка до Француско интернационално училиште – EFIS ја прослави 20-годишнината од своето постоење. Училиштето е единствениот образовен центар во државата, каде целата настава се одвива на француски јазик. Тука, досега се образувале преку 8.000 деца.
„Училиштето ги следи програмите и организацијата на Министерството за образование на Франција и ги исполнува критериумите на француските училишта во странство, што подразбира усогласеност со основните принципи на еднаквост, слобода и секуларизам“ вели сопстевникот на EFIS, Жан-Франсоа Ле Рок.
Директорот на училиштето пак го потенцира индивидуалниот пристап во наставата.
„ Она што не прави уникатни е тоа дека имаме индивидуален пристап и мал број на ученици во одделенијата“, нагласи Лорен Изел.
На свеченоста присуствуваа и министерот за образование Арбер Адеми и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој училиштето го нарече убава авантура, поддржана од француската влада . Адеми пак потенцираше дека со меморандумот потпишан меѓу МОН и Француската амбасада, дипломите од EFIS се признати и во Македонија, што овозможува учениците да го продолжат образованието во нашите средни училишта.