Франциск: „Македонија и Бугарија се две различни држави“

Човекот кој со својата посета на ја остави Македонија рамнодушна ја спомена и во воздух. Запрашан од новинарите во авионот по полетувањето од Скопје кои се неговите впечатоци од посетата на Мaкедонија и Бугарија, папата Франциск прецизно ќе објасни дека тоа се две крајно различни земји. Бугарија, според него, е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”, а неговиот став осаmна и на официјалниот вебсајт на Ватикан.

Бугарија е нација со традиција стара со векови. Македонија, од друга страна, има традиција со векови, но не како држава: како народ, кој на крајот се изборил да формира нација. Се работи за прекрасна борба! рече Папата.

Староста на бугарската нација, Франциск ќе ја спротистави со почетоците на христијанството и посетата на апостолот Павле која според христијаните Македонија е симбол на влезот на христијанството на Истокот. Македонскиот народ е горд на ова, тие не пропуштаат прилика да спомнат дека христијанството влезе во Европа преку нив, преку нивната врата, бидејќи Павле беше повикан од Македонец, ќе додаде папата во своето објаснување. Не сум воопшто изморен од посетата, но сум импресиониран од калуѓерките на Мајка Тереза во Скопје, додава тој.

10-часовнотото присуство на Ватикaн во државата ги полнеше и светските медуми. Ценетиот амрикански весник Њујрк тајмс пишува дека „Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај“. Најмногу простор употребија грчните меидуми, а псоебни осврти се најдоа и во француските и италијанските медиуми. Заедничката оценка е дека посетата на папата е зближување со истокот и православните држави.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ