
Франција работи на новата методологија, Тимоние ги наведе условите за отворање преговори
Франција повторно ги испорача познатите услови за влез во ЕУ
Успешни избори, борба со корупцијата, подобро судство и закон за јавно обвинителство се само дел од условите за влез на Македонија во ЕУ, кои денеска ги испорача францускиот амбасадор.
Само доколку се исполнат овие обврски, може да се очекуваат добри вести на патот кон ЕУ.
И заменик претседателката на францускиот Сенат, која денеска е во посета на земјава, се осврна на насилството врз жените.
На средбата со пратениците, пак, им порачала дека, државата нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата.
Сенаторката, сепак, потенцирала дека треба да се видат и реалните состојби на патот кон ЕУ.
На средбата со Груби станало збор и за Законот за јавно обвинителство, односно за вметнување на СЈО во рамките на јавното обвинителство, но и за други реформски закони кои треба да бидат усвоени и имплементирани до следниот самит во Загреб. Тој, пак, од нив побарал конкретни насоки.
Му одговориле дека викендов во Париз веќе се работело на новата методологија за проширување на ЕУ и се очекува набрзо да биде објавена.
Далиборка Дамјанска Цветановска