
Франција прва обезбеди четвртфинале, ја испрати Аргентина дома
Франција прва обезбеди четвртфинале на Светското фудбалско првенство во Русија. На отворањето од осминафиналето „триколорите“ славеа против Аргентина со 4:3.
Во Казањ Килијан Мбапе беше најзаслужен за триумфот на Франција со два постигнати гола и еден изнуден пенал. Покрај него погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.
Головите за Аргентина ги реализираа Анхел ди Мариа, Габриел Меркадо и Серхио Агуеро.
Во четвртфинале Франција ќе игра во петок на шестти јули во Нижњи Новгород со победникот од средбата Уругвај – Португалија закажана за вечерва од 20 часот на Олимпискиот стадион во Сочи.