Франција бара реформа на процесот на проширување на ЕУ па дури потоа датум за преговори за Македонија

Надежта на Македонија и Албанија за отпочнување преговори за членство во ЕУ е се помала, пишува “Блумберг”,  посочувајќи дека Франција и претседателот Макрон инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови земји – членки.

Повикувајќи се на документи кои ги размениле дипломатските мисии во Брисел, Блумберг потсетува дека Македонија и Албанија со нетрпение очекуваат зелено светло од Брисел за почетокот на формалните разговори за прием во ЕУ. Иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат нивното барање, пишува Блумберг, Франција и Холандија посакуваат целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата, пред да почнат преговорите со Македонија и Албанија.

Макрон бара преговорите да бидат “постепени, поконкретни во придобивките за заинтересираните држави и реверзибилни” и да се спроведуваат врз основа на ефективна, опиплива и одржлива имплементација на реформите”, се вели во драфт-коминикето од министерскиот состанок во Луксембург.

Овој документ на 10-ти Октомври, француските дипломати го доставиле до останатите ЕУ членки.

Во него се подвлекува дека никаква дата за формални преговори на Албанија и Северна Македонија не треба да се определи, пред ЕУ да го комплетира овој ремонт на својата методологија за прием на нови земји членки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ