
Фото/Видео: Армиски специјалци со глава низ ѕид- одушевени и граѓаните и Шекеринска
На плоштадот точно на пладне се одржа манифестацијата Отворен ден на АРМ. Покрај вежбата на армиската гарда егзерцир и презентација на дел од опремата на АРМ, воените специјалци прикажаа серија вежби од боречки вештини како и традиционалните вештини во кои обучените офицери од Полкот за специјални операции со голи раце кршеа запалени купови керамиди или со глава поминуваа низ наредени тули.
Вежбата ја следеа стотина граѓани кои воодушевено им аплаудираа на припадниците на АРМ, а покрај нив одушевени беа и министерката за одбрана Ѓекеринска, началникот на Генералштабот генерал Величковски, координаторот за НАТО Стево Пендаровски, Исмет Рамадани од Евро-атлантскиот совет на Македонија, како и скопксиот градоначаник Шилегов.
По завршување на вежбата над плоштадот пролета и хеликоптер на АРМ со државното знаме на Република Македонија.
-Целта на отворениот настан е граѓаните одблиску да се запознаат со својата Армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на професионални војници кој е во тек, соопштија од одбрана.
АРМ и натаму високо котира меѓу институциите со најголема доверба меѓу граѓаните, а и од сојузниците во НАТО постојано стигаат добри оценки за подготвеноста на АРМ за заеднички операции, како и за членство во алијансата.
М.С.