Фото вест: Небезбедна патека во паркот става во опаснот велосипедисти и пешаци

Ова се фотографии од пешачката патека во градскиот парк која е испрекината со скали за за тоа нема никакво предупредување.

Граѓани на Скопје ни ги испратија фотографиите од патеката која се наоѓа на околу 150 метри од ресторанот “Балканика” а на која настрадале велисипедисти затоа што никаде нема предупредување дека патеката е испрекината со скали.

Еден од нив добил сериозни повреди на главатa и лицето.

Апелираат до Град Скопје да напише предупредување дека не е безбедно за движење со велосипед или за деца и да превземе соодветни мерки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ