
ФОТО: Украдена нафта за булдожерот што го чистел патот кон Галичник
Тунел од снег е направен покрај патот кој води кон Галичник.
Фотографијата е обајвена на ФБ профилот на месната заедница Галичник.
При расчистувањето имало проблеми откако прексиноќа биле украдени 200 литри нафта потребни за работа на булдожерот.
Случајот е пријавен во полиција и направени се увид и записник за штетата. Фотографиите се од преминот Царевец кој од Маврово води кон Галичник.