
ФОТО сторија: Скопје пред и за време на полицискиот час
Почна да се применува новата мерка на Владата за зголемено времетраење на полицискиот час од 16 часот попладнево. Улиците на Скопје се празни, а жителите се во нивните домови, се со цел да се спречи ширењето на заразата од Ковид-19.
Новите владини мерки, што стапија на сила, предвидуваат забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Претходната недела Владата донесе одлука во Куманово за време на викендот да се воведе полициски час од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделик, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
ФОТО: Игор Паневски