ФОТО: Кочански „потоп“ во населбата Усова чешма, семеен дом поплавен со отпадни води и фекалии

Силно невреме го погоди и Кочани вчера, а силните и обилни врнежи носеа се пред себе додека направија и оштетувања и поплавување на повеќе домови.

До Телма се обрати кочанчанецот Гоце Василев кој испрати фотографии од поплавената куќа во наслебата Усова Чешма.

Се жали на несоодветна реакција на надлежните пред да се случи поплавата бидејќи не преземале активности на семејните поплаки. Вчера на помош им стигнале две возила на кочанската противпожарна бригада кои ја исцрпеле водата од куќата.

Тој во својот допис наведува

-Силното невреме вчера во Кочани и неагилноста на институциите синоќа нашата куќа ја претвори во базен од фекалии и отпадни води. Веќе години наназад се обративме до сите надлежни институции и до Водовод  и Канализација , и до надлежните во Општината дека кај нас на улица Македонска бр.28 во населбата Усова Чешма при секој дожд се насобира вода бидејќи истата нема каде да оди. Соседите сакајќи да се заштитат од поплавување направија зидови кои го спречија природниот тек на атмосферската вода. Пријавувавме секаде, а решение нема. Обилниот дожд синоќа предизвика големи штети кај повеќе соседи но тука најмногу, на помош дојде и пожарната кои со две возила ја исцрпуваа водата од подрумот кој беше полн до горе. Дворот беше базен, ако продолжеше да врне уште 10 минути водата ќе влезеше и во собите во кои живееме. Мора да се најде решение за атмосферските води , не можеме при секој дожд да го преживуваме истото, апелираме до сите надлежни да дојдат на терен и да преземаат мерки, пиша Гоце Василев од Кочани.

Водата е исцрпена но се уште има последици од поплавата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ