
ФОТО: Гори старата велешка архитектура позната како “Варналиите”
Голем пожар го зафати комплексот од стара велешка архитектура познат меѓу велешани како “Варналиите”.

За сега нема информации за загрозени човечки животи, но штетата се претпоставува дека ќе биде огромна бидејќи се работи за неколку куќи кои се прогласени за културно наследство кое датира од 1868 година.