
ФОТО галерија: Тишина и празни улици во Скопје од 16 часот попладне
Прв полициски час во главниот град на државата од 16 часот. Пусти улици, со полициски и амбулантни возила и ретки патници кои се враќаат во своите домови.
Никогаш порана во Сабота попладне Скопје не делувал вака празно и напуштено. Во обид да се справи со епидемијата корона вирус, владата одлучи да го прошири полицискиот час во текот на викендот и наместо во 21 часот, забраната за движење денеска стапи на сила во 16 часот.
Фото: Игор Паневски