
ФОТО галерија: Полиција, новинарски екипи и кучиња скитници на улиците на Скопје по 21 часот, граѓаните го почитуваат полицискиот час
Скопје ноќеска е тивко, со засилено присуство на припадниците на безбедносните сили на улиците на главниот град на државата, додека започна да се применува првиот полициски час во историјата на државата.
Освен некое куче скитник, новинарски екипи и луѓе со посебни дозволи, улиците се празни и впечатокот е дека граѓаните ја почитуваат одлуката на владата преземена како дел од мерките во борбата против епидемијата корона вирус.
ФОТО: Игор Паневски