ФОТО: Апсење кај Три бисери во Аеродром, полицајците со ракавици на раце

Два тима на Интервентната полиција претпладнево околу 10:30 часот на булеварот Јане Сандански во Аеродром извршија апсење додека трае полицискиот час.

На фотографиите се гледа како приведените се спроведени во интервентно возило-комби.

Полицајците од двата тима носеа ракавици. По апсењето, полициските возила се упатија во правец на ТЦ Бисер во чија близина се наоѓа полициската станица Аеродром.

Од СВР Скопје велат дека е приведено едно лице осомничено за прекршување на полицискиот час по член 206 од Кривичниот законик. Бил забележан од припадници на полицијата и приведен.

Од МВР утрово соопштија дека од 15 часот до утрово 71 граѓанин не го почитувале полицискиот час.

-Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот
(25/26.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на
целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што
приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат
соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото
деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопштија од МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ