
Формирани работните групи што ќе преговараат за СЈО
Рената Десковска и Оливер Ристовски аргументите за СЈО ќе ги соочуваат со адовактот Тони Менкиновски кој ќе ја предводи работната група на ВМРO-ДПМНЕ со уште петмина други челнови, чии имиња засега не се откриваат.
Според информациите на Телма, до понеделник, кога најверојатно ќе се сретнат двете страни, работната група на опозицијата треба да подготви амандмани и забелешки на Законот за јавно обвининителство со кој меѓу другото се решева и статусот на СЈО.
Неофицијлано од ВМРО-ДПМНЕ велат дека 20-тина правници ќе работат на предлог-амандманите, кои не се однесуваат само на СЈО, туку и на редовното обвинителство. Лидерот на опозицијата Хритијан Мицкоски во неколку наврати јавно порача дека нема да го поддржат законот доколку на чело на обвинителтвото останат Јанева и нејзиниот тим.
За разлика од него премиерот јавно им ја даде својата подршка за се она што досега го сработиле. Алијасата за Албанците јасно порача дека нема да го подржи закнот, а ДУИ негира дека го кочи СЈО поради истрагите за нивни функционери. Категорични се дека даваат целосна поддршка за ваков закон.