Формирани медицинските избирачки одбори, лекарите не сакаат да бидат дел од редовните

Од ковид одделенија директно во избирачки одбори. 500 медицински лица веќе се распределени во специјалните избирачки одбори кои на 13 јули ќе го спроведат гласањето на лицата кои се во изолација и самоизолација. Државната изборна комисија пред два дена го извршила жребањето на медицинските лица во одобрите врз основа на списоците ги добила од министерството од здравство.

„Во моментов формиравме над 100 избирачки одобри за потребите на Комисијата за тој дена за гласање и кажавме дека ќе формираме, доколку има потреба, а се надеваме дека нема да има потреба и сакаме да нема потреба, дополнителни избирачки одбори. По три здравствени работници се вклучени во тие изибрачки одбори“, вели Оливер Деркоски, претседател на ДИК.

Оние кои веќе се членови на редовните избирачки одбори, чиј мандат е четири години, Дерковски вели дека ќе им биде извршена замена.

Токму на вклученоста на медицинските лица во избирачките одбори реагираа некои од лекарите кои вчера по СМС пораки или на е-маил биле информирани за нивниот ангажман на денот на изборите. Според нив, на постојниот здравствен персонал кој се бори да го одржи здравствениот систем функционален, не му треба дополнителна, како што велат, нездравствена обврска.

„За жал здравствените работници изгледа служат за да пополнуваат каде што треба дупки да се пополнат. Само од мојата клиника од вкупно седум кои дежураме, тројца треба да бидеме ангажирани во овој изборен процес, да не зборувам за медицинските сестри и за останатиот медицински персонал. Инаку се надевам дека и Синдикатот на клинички центар ќе интервенира по ова прашање и дека севкупното незадоволство на сите здравствени работници навистина ќе ескалира“, вели д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Беќаровски својот револт за ангжманот во избирачки одбор го искажа и на социјалните мрежи каде напиша дека во дадениов момент јавното здравство не може да поднесе еден значаен дел од здравствените работници да биде отсутен пет дена колку што треба да бидат ангажирани во избирачките одбори.

Од Државната изборна комисија велат дека немаат законска можност да ги изземат медицинските лица од избирачките одбори.

„Јас ги разбирам и потполно ги оправдувам, меѓутоа ќе мора да ја запазат постапката – да поднесат барање за изземање до општинските изборни комисии за да може да им се одговори на нивните барања. По автоматизам не можеме, не е законски да извршиме замена“, изјави Деркоски.

За изборниот датум во април, кој беше одложен поради епидемијата со коронавирусот, владата тогаш препораќч медицинските лица да бидат изземени од избирачките одбори. Таква препорака за изземање за изборите на 15 јули нема.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ