
Фондот за здравство ќе пушти пари за да се одблокира сметката на Клиниката за акушерство и гинекологија
Ја блокираа 12 судски пресуди за деца чијшто вид бил оштетен заради ненавремени прегледи, а сметката на Клиниката за гинекологија ќе ја одблокира Фондот за здравство. Министерот Венко Филипче, побарал аванс од Фондот за да може да се исплатат 660 000 илјади евра на родителите кои тужеле, заради тоа што нивните предвремено родени деца добиле ретинопатија додека престојувале на клиниката.
Ретинопатијата се открива додека бебињата се во инкубатор, но во 2008-та немало пракса очен лекар да врши задолжителни прегледи на новороденчињата. И по 10 години оттогаш граѓаните се уште се жалат на здравствените услуги. Истражувањето на центарот за управување со промени за здравствените и социјалните услуги покажува дека граѓаните тешко се вработуваат со помош на државата, плаќаат скапо здравство, а не постои нега за возрасни лица.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се согласи со истражувачите дека системот за социјални услуги не функионира, а и двајцата ресорни министри ветија по неколку законски измени како до поквалитетни здравствени услуги во општите болници.
Павле Беловски