
Фондот за иновации со грант од 5 милиони евра за мали и средни претпријатија
Пет милиони евра е колачот кој мали и средни претпријатија ќе го поделат од овогодишниот грант на Фондот за иновации.
Три милиони евра се од владата додека 2 милиони евра ќе бидат земени од Светска банка.
За прв пат грантовите се отворени и за приватните здравствени установи а исклучени се големите фирми. Досега апликации подигнале над 500 фирми.
Максималната сума која може да ја добие фирма е 325 илјади евра а Фондот ќе ко-финансира најмногу до 70 насто за микро и мали фирми а 60 отсо за фирми со средна големина.
Новитет е што секоја фирма ќе мора да врати во Фондот 5% од профитот направен со парите од грантот.
Минататогодишниот грант на Фондот го следеа неколку скандали поради фирмите на лица блиски до актуелни функционери кои добија финансиска помош од околу 750 илјади евра.
Фирмите „Т- сенс“ каде малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми доби 65 илајди евра, снаата на Цветанка Ласкова, советник за култура на премиерот, доби 360 илјади евра државни пари, исто како и фирмата на поранешниот функционер Веле Самак.
Под притисок на јавноста апшликациите за грант ги повлекоа две фирми во кои како сопственици се јавуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец.
Поради тоа беа воведени измени според кои во апликацијата мора да биде наведено дали и каква поврзаност имаат сопствениците со сегашни или поранешни функционери.
Огнен Чанчаревиќ