
Фон дер Лаин: Имате уникатна шанса, искористете ја (видео)
Референдумот ќе успее и тоа е шанса за Македонија, рече пред новинарите денеска германската министерка за одбрана Урсула Фон Дер Лаин. Таа референдумот го спореди со обединувањето на Источна и Западна Германија. Лаин е четврти германски министер кој во краток рок е во посета на Македонија. Македонската министерка Шекеренска рече дека тимовите за пристап на Македонија во НАТО работат континуирано и дека таа не очекува изненадувања во остварување на барањата на Алијансата.