Фирмите подготвени да инвестираат, чекаат евтините кредити, но бараат и политичка стабилност

Народна банка го направи првиот чекор кој беше неопходен во услови на стагнација на економијата, симнувањето на каматата треба да делува стимулативно, а банките најавија дека ќе ги следат сигналите и ќе ги поевтинат кредитите за бизнисот. Антони Пешев вели дека компаниите очекуваат да видат Владата посилно да се фокусира на економијата, а не приоритет повторно да имаат политичките теми.

„Ценам дека секое придвижување на каматите надолу е добро, и се надевам дека банките ќе продолжат во тој правец и ќе се охрабрат да ги кредитираат и компаниите кои имаат помал безбедносен профил, и нив да им овозможат достапност на кредитите. Ќе видиме, ова е само почеток на процесот, се надевам дека следните месеци ќе бидат добар показател дали ќе има ефект“, вели Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија.

Добро е што каматите ќе паѓаат и ќе почне процес на инвестирање, смета Горан Антевски, бидејќи поради политичката неизвесност досега речиси сите активности на фирмите биле стопирани.

„Се надеваме дека ова стабилизирање на политичката ситуација ќе придонесе да се инвестира се повеќе во стопанството, и самите банки бараа издржани проекти каде што можеше да се инвестира. Вие не можете да земате кредити само за исплата на плати, туку мора да размислувате да можете и во иднина да инвестирате со тие средства“, вели Горан Антевски, генерален менаџер на Раде Кончар – ТЕП.

Бизнисот е охрабрен да зема кредити за да инвестира, но вели дека само пониските камати не се доволни, битно е политичката стабилност да не се наруши.

„Ситуацијата не е премногу стабилна, но се надеваме дека партиите во наредниот период ќе се осваестат и ќе мислат за стопанството и ќе мислат за своите граѓани. Ние стопанствениците секогаш се трудиме да имаме стабилна Влада и да работиме во стабилни услови“, вели Антевски.

„Економија некогаш не нужно бара само мирни води, бара и перспективои за раст, она што е битно, е да се промени влкупната клима во однос на инвестициите, за да им се даде стимул на компаниите“, вели Пешев.

Поделени се мислењата околу инсисатирањето за квалитетни пректи. Пешев смета дека нашите банки се малку поригидни од другите, Антевски, пак, вели дека е нормално да не сакаат нивните пари да фрлаат пари во бунар.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ