Фирмата МОНТ на Јордан Камчев демантира дека е цел на полициска акција

По информациите дека полицијата влегла во фирмата Монт на бизнисменот Орце Камчев, која е дел од Орка Холдинг, од таму демантираат дека се работи за полициска акција.  

„Не станува збор за полициска акција, туку за контрола од стана на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата. Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија.

Според компанијата Монт, ниту таа фирма ниту пак Орка Холдинг на било каков начин не учествувале во предизборната кампања на Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Полиестердеј -компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Полиестердеј по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото, велат од Монт. Инаку од Полиестердеј исто така ги демантираат информациите дека на било кој начин оваа фирма е поврзана со бизнисменот Камчев. Сметаат дека на овој начин се нанесува штета на работењето на фирмата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ