
Финска нуди компрoмис за отворање на преговорите со Македонија
Финското претседателство со ЕУ ќе предложи отворање на пристапните преговори додека унијата во меѓувреме ќе работи на усвојување на, бараната од Франција, нова методологија за водењето на пристапните преговори, се дознава од владини извори. Во новата методологија, според која би се воделе преговорите со сите нови кандидати, се предвидува реверзибилен процес, во кој земјата кандидат би била принудена повторно да отвори веќе затворено поглавје доколку биде детектирано назадување или недоволнен напредок.
За предлогот на финското претседателство ќе се расправа вечерва корепер состанок на амбасадорите во унијата, но не се знае дали предлогот ќе биде прифатен. Франција која во моментов се противи на ново проширување бара новата методологија да биде усвоена пред да биде доделен датум за почеток на преговори и да почне да се употребува уште веднаш во преговорите со Македонија и Албанија.
Претседавачот Финска во обид да ги задоволи француските барања најави дека во предлог заклучокот ќе побара промена на пристапот во процесот на проширување, кој наверојатно ќе добие формална рамка следната пролет. За Албанија, која исто така очекува отворање на преговорите има сличен предлог, но со три забелешки кои земјата најпрвин ќе треба да ги исполни до почетокот на преговорите со ЕУ.