
Финишираат подготовките за празникот „Богојавление–Водици“ во Охрид
Финишираат подготовките за најмасовнoто одбележување на празникот „Богојавление–Водици“ на Охридското Езеро. Иако градот очекува туристи за Водици и оваа година празнувањето нема да има туристички примеси, по што Охрид беше препознатлив во минатото во земјата, но и надвор од неа, а нема да се организираат ниту пропратни културно – забавни манифестации.
Манифестацијата и оваа година заеднички ја организираат општината Охрид и Дебарско кичевската епархија, а во подготовките вклучени се локалните јавни претпријатија, нуркачките клубови и екипи на Црвениот крст.
Водици се одбележуваат во сабота, а богојавленските празници ќе бидат заокружени со традиционаното зимско капење на рибарите во недела.
Горана Момировски