Финансиските друштва кои даваат брзи кредити вработуваат наплатувачи на долгови- дали овој начин на наплата е легален?

Граѓаните кои зеле брзи кредити и не ги вратиле на време, може во секој момент да очекуваат дома на врата да им тропне наплатувач на долгот пратен од компанијата. Огласи со кои се бараат да се вработат вакви лица осамнаа во понудите за вработување изминатиот период. Граѓаните се шокирани и остро реагираат на социјалните мрежи, прашуваат дали овој начин на наплата е легален или не.

„Телма“ најде два такви огласи. Еден од финансиското друштво за издавање брзи кредити „Тиго“ друг од „Кредисимо“. Според огласите Специјалистот за теренска наплата на долгови кон физички лица треба да врши наплата преку посета на должниците на домашна адреса, да има одлична ориентација за идентификација на адресите низ цела земја, добра комуникација, да ги утврдува причините зошто доцнат со наплатата, како и да им нуди можност за  реструктуирање на долговите.

Одговор добивме само од Тиго каде велат дека вакви огласи имале сите компании од нивната дејност. А вработуваат „наплатувач“ од  хуман аспект.

„Во праксата, многу често клиентите се довеле во непријатна ситуација директно во постапки пред судови, извршители и нотари, а со тоа и изложување на непотребни и многу високи трошоци, само поради неможноста од добивање на телефон или ненавремено доставена писмена опомена.За разлика од овие компании, ние преку оваа позиција го задржуваме директниот контакт преку посета на клиентот и известување за долгот преку користење на неговата адреса, од хуман аспект и информира и помага во изнаоѓање решение за исплата на долгот. Ние, клиентите и кога стануваат должници, ги третираме како луѓе“.- велат од „Тиго“.

Од Организацијата за заштита на потрошувачите се децидни дека со ова се кршат повеќе закони. Велат во змејава има законски инструменти за наплата на долг.

Тоа го декларира ккао нечесно и агресивно пазарно однесување, за кои има одредби од законот дека тие не треба на таков начин да го наплаќаат. Сметаме дека сите потрошувачи кои ќе бидат жртви и мета на такво агресивно и нечесно пазарно однесување, доколку има и прекумерно влијание доколу с ена нивната врата од страна на тие финаннсики друштва значи прво да го пријават случајот во Министерството за финансии, бидејќи с еработи за брзи кредити. А од друга страна доколку тоа влијание е прекумерно може да се пријави и во МВР – изјави Бранко Костовски ОПМ

Експертите пак за заштита на личните податоци, велат мора да се види конкретно каков договор потвпишал должникот.

Станува збор за кредитни производи чии што договори з акредитирање не ги знаеме во моментов и затоа не можеме да коментираме конкретниот случај. Можеме да зборуваме за нарушување на приватноста на домот или вознемирување меѓутоа тие човекови права с еисто така вцажни но не се поврзани со Законот за личните податоцви во случајов- Елена Стојановска, експерт за заштита на лични податоци.

Од Дирекцијата за заштита на личните податоци се оградија бидејќи не го виделе огласот и одоговорот. А од Министерството за финансии под чија надлежност се овие финансиски друштва велат какви лица вработуваатовие друштва не било  предмет на утврдување на закон туку на деловната политика на друштвата.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ