Финансиската полиција против тобако мафијата во с. Љуботен

Изгрејсонцето утрово непријатно ги изненади жителите на скопското село Љуботен. Никој не очекувал дека финансиката полиција ќе пристигне по нивниот тутун со специјалци, борбени возила, камиони и градежна механизација. Одредиштето, куќата, таванот и магацинот на Алил Реџеповски за да се одзмеме нелегален тутун. Полицијата изнесуваше и товараше во камиони, а граѓаните налетуваа на пластичните штитови, обидувајќи се да го одбранат родот ризикувајќи да бидат уапсени.

Жителите тврдат дека одземениот тутун, е посаден, одгледан и собран во атарот на селото. Сомнежот кај институциите дека сортата недозволено се садела, мелела и продавала за виткање, жителите го негираат.

Одземените машини кои полицијата ги пронајде говорат дека на таванот кај семејството Реџеповски не се чувало само тутун, туку се обработувал за продажба се првите детали од истрагата и акцијата водена од финансиската полиција. Тутунот и машините замина кон државните магацини на испитување, а колоната возила долга еден километар ја снема зад свиокот. Жителите, се соземаа и ги пребројува загубите.

Локалните власти кои застанаа меѓу жителите и полицајците и спречија поголем инцидент им порачаа на институциите да ја оправдаат акцијата со докази. Во селото утрово пристигна и градоначалникот на општина Бутел кои застана во одбрана на жителите.

Пред три години во нивното село дошле и политичари. Не прашувале за тутунот, туку да им ветат подобар живот и нова инфрастуткура.

Засега  никој не е упасен иако од финансиската полиција најавија кривични пријави.  Село Љуботен сокриено во подножјето на планината скопска Црна Гора кое се занимава со земјоделство се уште ги лекува раните од загубата на своите сожители во конфликтот во 2001-та, случај за кој има пресуда во судот за воено злосторства во Хаг.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ