
Финансирањето на партиите главен извор на корупција
Финансирањето на политичките партии е главен извор на корупција. Отсуството на контрола врз нивната работа ги претвора во акционерски друштва, каде очигледно е дека најмногу добива тој што донира. Во сите досегашни извештаи Државниот завод за ревизија констатираше низа неправилности и нереално прикажани податоци за финансиските трансакции на партиите. Евроамбасадорот Самуел Жбогар очекува ваквите состојби да се намдинат а политичките партии да станат транспарентни.
Со измените на Законот за финансирање, политичките партии ќе се финансираат од државни јасли. Наместо досегашните 2 милиони евра, партиите ќе добијат финансиска инекција од буџетот во висина од 5,2 милиони евра. Нови ингереции добива и ДИК.
Во иднина партиите ќе може да се финансираат од кредити, ќе може да поседуваат земјиште, деловен простор,опрема, канцелариски материјал. Се намалува сумата на донации. Ќе се засили контролата.
Собранискиот спикер Талат Џафери најави дека Собранието во иднина ќе ја засили надзорната функција врз Државниот завод за ревизија кој ќе мора да поднесува Годишен извештај за преземените дејствија.
Јулијана Пешевска